Украина и САД ги привршуваат преговорите за договорот за ретки минерали,

Украина и САД ги привршуваат преговорите за договорот за ретки минерали, изјави украинската вицепремиерка Олга Стефанишина, додека земјата одбележува три години од почетокот на руската инвазија.

Володимир Зеленски неодамна кажа дека одбил да го потпише понудениот нацрт-договор зашто не нудел никакви безбедносни гаранции за Украина, туку само САД имале корист од него. Владата на Доналд Трамп инсистира на овој договор како компензација за американската поддршка за Украина, при што бара пристап до украинските природни богатства во вредност од 500 милијарди долари.

„Украинските и американските тимови се во завршната фаза од преговорите. Разговорите беа многу конструктивни, при што се утврдени речиси сите клучни детали. Се надеваме дека договорот ќе биде потпишан од лидерите на САД и Украина и поддржан во Вашингтон, за да ја покаже нашата посветеност во следните децении“, изјави Стефанишина.

Украина располага со резерви на повеќе од 20 критични ретки земјени минерали, како литиум, ураниум и титаниум, чија вредност се проценува на неколку трилиони долари. Сепак, нејасно е колку од овие резерви ѝ се достапни на Украина, зашто дел од земјата е окупиран од Русија

Back to top button
Close