ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека Груби крадел, а тие не смееле да реагираат, па затоа сега измислуваат кованици за Изет Меџити
„Добро е што Мартин Костовски јавно призна дека Артан Груби е криминалец и правел криминал додека бил министер во владата на СДС, а тие за тоа не преземале ништо. Фрапирани сме е премал збор за да ја опише нашата реакција на лицемерието и безобразлукот на СДС“ реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мартин Костовски треба да ги праша Филипче, Ковачевски и Спасовски зошто кога очигледно знаеле дека Груби правел криминал не отвориле постапка преку МВР и не побарала негова смена? Или премногу слатка била власта, па од страв да не паднат, и да можат да поткрадат уште некое време затворале очи пред криминалот на Груби“ велат од владејачката партија.
Од таму посочуваат „Што се однесува на нивниот памфлет за Изет Меџити, тоа е кованица на лаги и невистини, како да го одвлечат вниманието, за нивното толерирање на Груби“.
„Мартин, засрами се. Артан Груби ве влечеше за уши на Бихаќка и молчевте. Требаше ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, да отвори постапка, па да се охрабрите да кажете дека сте биле злоставувани. Но очигледно ви се допаѓала таа состојба, затоа што само така можевте да крадете“ е партискиот став