Брајан Адамс доаѓа во Скопје, ќе пее пред само 2.500 луѓе!
Музичката ѕвезда Брајан Адамс (65) на 27-ми април доаѓа во Скопје и ќе одржи интимен концерт, со акустична програма, која ја изведувал само десетина пати во годината, како што појаснуваат од Авалон Продукција, само за негова душа.
Од организацијата на концертот, најавуваат вечер со глас, гитара, пијано и чиста емоција.
-Е, токму тоа ќе може да го доживеат само 2.500 среќни луѓе на 27-ми април во Скопје, на без конкуренција најексклузивниот и најголем музички настан оваа пролет во Македонија!
Поради типот на програмата, салата ќе биде редуцирана и сите влезници ќе бидат за седење, велат од Авалон за настанот кој ќе се одржи во СЦ Јане Сандански.
Цените на билетите за концертот ќе бидат објавени денес во 19 часот на платформите на Авалон