Владата екпресно ги провери документите од СДСМ за вицепремиерот Меџити и ги демантира обвинувањата
Владата ги провери и ги отфрли наводите изнесени од СДСМ во врска со работата на министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити.
„Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување. Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади. Ако по логиката на Кузевска тоа е прекшување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ“, соопшти Владата, нарекувајќи ги неточни и шпекулации тврдењата на СДСМ.
Непосредно пред ова соопштение, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска достави документи за, како што кажа, коруптивно работење на вицепремиерот Меџити и се посомнева дека тој го имал крајниот потпис на одлуките на Државниот инпекторат за животна средина кој дава дозвола за сите проекти во државата, а не Инспекторатот.