(ВИДЕО) Доктор хистерично се дере на Клиниката за урологија, директорот најави дисциплинска постапка

Снимка на која се гледа како доктор гласно се дере низ ходниците на Клиниката за урологија, додека пред и во амбулантата има пациенти била испратена до редакцијата на „Скопје1“.

Во неа, според порталот доктор – уролог бурно реагирал кога семејство на пациент со карцином и болки побарало да биде прегледан. За овој настан, се до денеска не бил информиран директорот на Клиниката, Башким Шабани, кој за „Скопје1“ најави дека ќе формира дисциплинска комисија бидејќи однесувањето кое е снимено е недозволиво.

 

.

 

 

Back to top button
Close