Филипче: Алармантно е, потребни се три минмални плати за да се покријат основните трошоци,

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека економската неизвесност станува се поголема, граѓаните ги чувствуваат погрешните економски политики на Владата.

-Трошоците за живот континуирано растат, платите стагнираат, а Владата нема решенија за заштита на животниот стандард на граѓаните, ниту ги прифаќа предлозите на СДСМ.„Трошоците на живот во јануари 2025 се зголемени за 4,9%, а индексот на цени на мало пораснал за 5,2%. Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари. За да преживее едно семејство, денес му се потребни речиси три минимални плати. Пазете, во време на СДСМ беа потребни две минимални плати. Владата не презема никакви мерки, премногу е суетна да прифати ништо од СДСМ и затоа граѓаните страдаат. Ако утре, почитувани граѓани, ви се високи сметките, тоа е затоа што Владата едноставно нема желба и намера да го реши тој проблем, а решенијата и се дадени на маса”, рече Филипче.

При тоа, Филипче посочи дека додека граѓаните се борат како да го преживеат месецот, власта го кочи растот на минималната плата.

„Платите стагнираат. Покачувањето на минималната плата е под знак прашалник, бидејќи Владата го блокира функционирањето на Економско-социјалниот совет. Работниците и синдикатите бараат минимална плата од 450-500 евра, но Владата молчи. Социјалниот дијалог е целосно уништен. Работниците се оставени без сигурност, а економската неизвесност станува сè поголема. И за ова СДСМ има подготвено решение и ќе го достави во Собранието со закон за минимална плата. Решение кое Владата може веднаш да го прифати”, рече Филипче.

Состојбата како што рече Филипче е крајно сериозна, Владата не се грижи ниту има волја да прифати закони и предлози со кои граѓаните ќе живеате полесно, а трошоците за живот ќе намалат. Тој потенцираше дека СДСМ ќе продолжи да предлага закони и мерки во интерес на граѓаните и дека по овие бројки Владата конечно ќе прифати дека едноставно нема капацитет да се носи со економските предизвици.

Back to top button
Close