Апасиев со забелешки за АВМУ, Трајчевски му одговори дека вршел сериозен притисок врз медиумите во државата
– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги регулира медиумите, но во исто време се грижи за слободата на говорот, медиумските слободи во општеството, плурализмот и во рамките на своите законски надлежности се обидува колку што е можно да го спречи притисокот врз медиумите од страна на економски и политички центри на моќ. Тоа го истакна директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски одговарајќи на прашањето на пратеникот Димитар Апасиев денешната седница во Собранието наменета за пратенички прашања, на која лидерот на Левица му посочи дека Агенцијата не е надлежна да го регулира говорот во Собранието, туку во медиумите.
Трајчевски забележа дека Апасиев како претседател на политичка партија и како пратеник со своето однесување вршел сериозен притисок врз медиумите во државата, како што рече, настојувајќи да влијаат врз нивната независно уредувачка политика, што е највисоко уставно право.
Агенцијата, нагласи, и во минатото и сега реагира на изјави на премиери, министри, пратеници, градоначалници и други носители на јавни функции со цел обвинителството да го слушне тоа како допрен глас и да оцени дали дејствувањето на било која политичка партија, политички или економски центар на моќ треба да биде предмет на јавно обвинителски одлуки.
– Досега Обвинителството не реагирало, но не значи ако ваквите притисоци кои ги правите секојдневно врз медиумите со поднесување тужби кон медиуми и новинари и дека нема во иднина да биде предмет на јавно обвинителски одлуки. Слободата на говор е неограничена и таа не дозволува некој да се однесува неодговорно во едно демократско општество, рече Трајчевски.
На Апасиев му укажа дека тоа што е пратеник не му дава за право да се однесува како што се однесува, туку мора да ги почитува правилата во едно демократско општество.
Во однос на делот дека Левица, како парламентарна партија не била поканета во ниту еден медиум, Трајчевски потсети дека медиумите се слободни во својата уредувачка политика и ниту еден државен орган, па ниту АВМУ има право да се меша, бидејќи, според него, мешањето претставува цензура, а таа е забранета според Уставот.
– Што се однеусва до медиумско претставување на учесниците за време на изборен период, учесниците во изборниот процес треба да бидат застапени во програмите на радиодифузерите кои одлучиле да го следат, но нивното претставување во медиумите е соодветно со активностите што ги имаат политичките партии и бројот на поднесени листи, истакна Трајчевски.
На прашањето на Апасиев дали граѓаните за време на избори може да се кандидираат на листи кои се поднесени од ист подносител, но за различен тип избори, претсетдателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко кажа дека Комисијата нема конкретни законски овластувања и обврски да дава одговори на прашања кои с еоднесуваат на конкретна хипотетичка примена на законски решенија.
– Согласно член 17 од Изборниот закон ДИК ги организира и спроведува изборите, значи го спроведува законот и неможе однапред да ги предвиди ситуациите. Но, затоа учесниците во изборите имаат право и интерес да го познаваат Законот и да постапуваат согласно Законот. ДИК нема надлежност и овластување да се меша во одлуката на општинските изборни комисии кои согласно изборниот закон се посебен изборен орган кои во одредена фаза од изборниот процес имаат свои директни оригинерни надлежности, појасни Кондарко.
Според него, можеби е добро пратениците да размислат преку автентично толкување или измени за прецизирање на соодветниот член од законот. И доколку Собранието донесе соодветна одреднба, ДИК ќе ја применува