(Видео) Битиќи до Кочоска: На ја навредивте само пратеничката Петровска, туку го навредивте достоинството на сите жени, мајки, работнички

Денес во Собранието се случи срамен чин на непочитување и дискриминација изговорени од страна на министерката за финансии. Настан којшто не е само личен напад до пратеничката Петровска, туку напад и до достоинството на сите жени, мајки, работнички, борци за правда и еднаквост во ова општество, реагираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

„Министерката за финансии си дозволи да изрази дискриминаторски став кон пратеничка, деградирајќи ја како личност и негирајќи ја нејзината способност да зборува за животот, трошоците и предизвиците на семејствата во оваа наша држава. Со зборовите: ’Не можам да ве кажам, почитувана, за да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит’-министерката директно покажа ароганција и непочитување кон институцијата парламент, во кој секој пратеник и пратеничка е избран од граѓаните и граѓанките и имаат мандат да ја изразат нивната волја.

Back to top button
Close