Наташа Стојановска нов главен и одговорен уредник на Телма


Новинарката Наташа Стојановска ќе биде нов главен и одговорен уредник на телевизија Телма. Ова таа вечерва го потврди на својот Фејсбук профил.

„Март е месец за промени и нови предизвици а Телма е телевизијата каде продолжува мојот пат, сега на позицијата главен и одговорен уредник“, напиша Стојановска која денеска се збогуваал до досегашните колеги во Блумберг Адриа.

Пред да премине во Блумберг, Стојановска работеше во Телма уредник на вести и водител на дебатната емисија „Топ тема“.

Според наши информации, Снежана Лупевска – Созен ќе остане на функцијата директор на телевизијата.

Back to top button
Close