Петровска за Димитриеска-Кочоска: Ова однесување на министерката не е прво во Собрание, после тоа беше повлечена затоа што ѝ забраниле да настапува

Пратеничката Славјанка Петровска, запрашана зошто веднаш реагирала за навредите испратени од министерката за финансии, рече дека излегла на собраниската говорница и кажав дека „поставив прашање на кое не добив одговор, а дека не е моето ниво да ги коментирам ваквиот тип на напади и дискриминација“. Вели дека ги поставила јасно прашање за кое слободата на говорот ми дава да го формулирам како што сметам.

-Во него имаше два клучни елементи, а тоа беше дали некој нас треба да ни кажува со плата од над 100 илјади денари каков грашок треба да јадат граѓани и колку млеко треба да се пие. Може во иднина е добро тие потрошувачки кошнички да не ги прават луѓе со високи примања туку со реални примања, она што мнозинството граѓани го земаат. Моето прашање се однесуваше на патните трошоци на пратениците и јас реков зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа законот за намалување на патните трошоци. Дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца и немам семејство – апсолутно да. Реакциите кои следуваат на јавноста, не само на СДСМ, по ова е токму тоа што го вознемири ВМРО-ДПМНЕ затоа што видоа дека работата отиде предалеку, рече Петровска во емисијата „24 анализа“.

Додаде дека ќе поднесе преставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација поради вчерашните изјави. Вели дека во најмала рака очекувала оставка од министерка Гордана Димитриеска Кочоска. Во текот на емисијата ја обелодени содржината на текстот поради кој следуваа реакциите.

-Наместо тоа мене вака ми се обрати министерката: „Не можам да кажам, почитувана“. Дали јас со нешто ја навредив. НЕ. „За да кажам почитувана мора да ја заслужите мојата почит“, НЕ. Во диктатура е така, во демократија е обратно, министрите се тие кои ја бараат почитта од пратениците, без разлика од која партија доаѓаат. „Врз основа на тоа што вие во уста ги ставате мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши. Јас сум мајка на два сина“. – на што алудира ова ако не на потценување и обид да ме дискредитира, да ме дискриминира заради тоа што јас немам деца. Тоа е моја лична состојба, мојот личен статус и тоа дали сум сама, дали имам семејство или имам деца е мое лично прашање. Зошто е тоа така знам јас и судбината, истакна Петровска.

Таа додаде дека нејзино демократско право е како ќе го постави прашањето.

Изведете го и прегледајте го, извадете еден збор со кој јас ја навредив или испровоцирав министерката. Ова нејзино однесување не е прво во Собранието. Многу пострашни настапи имаше за време на дебатата за Буџетот и ребалансот. Освен едно нејзино појавување, после тоа беше повлечена затоа што ѝ забраниле да настапува. Јас не добив одговор на моето прашање, кажа екс-министерката во дебата на емисијата со портпаролката на Владата, Марија Митева.

Back to top button
Close