Гаши: Интерпелациите за петте членови на Судскиот совет на седница во првата половина на следниот месец

Во првата половина на март би требало да се одржи седницата за петте интерпелации на членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието. Петте членови на Судскиот совет одговориле на интерпелациите, кажа на средбата со новинарите претседателот на Собранието Африм Гаши.

Деновиве одговорите на интерпелациите од членовите на Судскиот совет ќе им бидат доставени на пратениците.

Гаши, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека до Собранието нема допис од Владата во однос на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Во однос на тоа дали Собранието ќе постапи по известувањата од Уставниот суд за измени на Кривичниот законик и за Законот за електронски комуникации, Гаши вели дека законодавниот дом нема добиено такви известувања. Доколку има, тој, како што кажа, како и вообичаено известувањата ќе ги проследи до пратениците и доколку има предлог од нив ќе се интервенира во законот.

-До Собранието нема никакво известување или допис од страна на Уставниот суд и затоа не можеме да се изјасниме по нешто што не сме го добиле, изјави претседателот на Собранието.

Комисијата за труд и социјална политика се уште нема претседател, по интерпелцијата за пратеничката Илире Даути, за што Гаши рече дека ќе почека уште мал период Европскиот фрон да номинира нов прв човек на Комисијата. Доколку тоа не се случи има две опции појасни тој – да назначи пратеник или, второ, без претрес законот да се стави на собраниска седница.

Back to top button
Close