Браќата Тејт пристигнаа во Флорида и се соочија со лавина од критики и осуди од видни републиканци
Eндрју и Тристан Тејт синоќа пристигнаа во Флорида со лет од Романија и веднаш беа пречекани со критики околу нивното присуство во САД. Инфлуенсери на социјалните медиуми кои имаат милиони потписници, браќата во Романија се обвинети за трговија со луѓе затоа што мамеле жени за сексуална експлоатација. Ендрју Тејт пак во Велика Британија се соочува и со обвинение за мизогинија и насилничко однесување со жени.
Иако романските власти се уште ги гонат за сторени кривични дела, двајцата отпатуваа од земјата по гласините дека тоа им било дозволено откако Букурешт се нашол под притисок на претседателот на САД, Доналд Трамп. Во изминатиот период, инфлуенсерите станаа дел од движењето МАГА и познавачи велат дека добиле подршка од низа десничарски милијардери како Илон Маск и Доналд Трамп помладиот, а во ноември 2023 Ендрју беше поканет на интервју со Такер Карлсон.
Веднаш по пристигањето во Флорида тие добија покана за настап од организацијата Tampa Bay Young Republicans, што беше причина за остри реакции од гувернерот на Флорида, Рон Десантис и низа останати републикански првенци и медиуми.
Во објавата на „Х“ организацијата изјави дека поканата била упатена затоа што тие се „апсолутисти за слободата на говорот“ и дека браќата не се осудени за никаков криминал. Еден републикански корисник ја нарече организацијата „одвратна“ затоа што ги пречекала браќата. Од Capital Young Republicans, републиканска организација од Талахаси, Флорида, изјавија дека поканата е „длабоко вознемирувачка“. Конзервативната медиумска водителка Мегин Кели им порача на Tampa Bay Young Republicans: „Сте го изгубиле компасот момци.“
Деснатис пак рече дека Флорида не е место за поединци со такво однесување и му порача на државниот обвинител да го разгледа нивниот случај.
Романската агенција за борба против организираниот криминал (ДИИКОТ) соопшти дека обвинителите одобриле барање за промена на патните ограничувања за Тејтови, но не прецизираа кој го поднел барањето.
Кога беше прашан за браќата Тејтови, претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека не бил запознат за ова, а во контекст на тврдењата дека неговата администрација вршела притисок врз романската влада за да им дозволи на инфлуенсерите, кои во изминатиот период станаа дел од движењето МАГА, да патуваат во САД, соопшти денеска неделникот Њусвик.
Портпаролот на браќата Тејт изјави дека неколку нивни имоти, вклучувајќи пет недвижнини и шест луксузни автомобили, им биле вратени од романските обвинители и одблокирани сите нивни банкарски сметки