Скопски автобус удрил 70-годишен пешак

Вчера, во 10.10 часот наутро, во СВР Скопје стасало пријава за сообраќајка. На скопската крстосницата од бул.„Крсте Мисирков” и ул.„Петре Ѓорѓиев”  автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close