Во 2023 година над 44.000 албански граѓани добиле ЕУ државјанство
Во текот на 2023 година 44.400 албански граѓани добиле државјанство во земјите-членки на Европска Унија. Најголем процент од нив или 71,5 отсто од државјанствата додели Италија, 22,4 проценти Грција, а потоа следат Шведска и Белгија.
– Во текот на 2023 година, вкупно 1,1 милион лица добиле државјанство на во земјите-членки на ЕУ, каде што живееле, што е зголемување од околу 6,1 отсто во споредба со 2022 година.
Сириските државјани биле најголемата група на нови граѓани на ЕУ, со вкупно доделени 107.500 државјанства. Втората по големина група се мароканските граѓани со 106.500 а по нив се албанските со 44.400 државјанства.