Со автомобил удрил малолетник и избегал

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово по што возачот избегал.

МВР информира дека сообраќајната незгода се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“.

Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close