(ВИДЕО) СДСМ: Работниците заслужуваат минимална плата од 500 евра
Секојдневно разочарување од владата на ДПМНЕ, платите на работниците нема да се покачуваат ниту овој месец, што значи дека работниците од страна на оваа влада се оставени сами да се борат со енормно високите трошоци.
Само да потсетиме дека кога се има желба се може, во времето кога СДСМ беше на власт минималната плата се покачи за 4 пати, од 8.000 денари на 22.000 денари. Значи, ако владата навистина се грижи за животниот стандард на граѓаните, може да направи нешто и да биде поддршка за граѓаните. Ние во наредниот период ќе продолжиме со политики што се поддршка за животниот стандард на граѓаните, и ќе поднесеме законско решение за покачување на минималната плата на 500 евра.