Времето денеска: Сончево со температури до 14 степени

Утрово по котлините ќе има услови за магла и ниска облачност, а преку ден се очекува да биде сончево со мала облачност, поголема во јужните денови, ибформираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

„Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени“, велат оттаму.

Во Скопје, пак, времето ќе биде сончево со мала и доумерена облачност и со слаб ветер.

Според УХМР, ,минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната до 14 степени.

Во следните денови се очекува стабилно време со пониски утрински температури, но дневните ќе бидат во постепен пораст.

Back to top button
Close