Њујорк Тајмс: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со американски официјални лица за да разгледа и евентуално да преземе мерки против Киев, вклучително и прекин на воената помош, објави „Њујорк Тајмс“.
Трамп денеска ќе се сретне со неговите советници за национална безбедност, меѓу кои и државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет.
Претстојните разговори би можеле да вклучат суспендирање или дури и прекинување на воената помош за Киев, вклучително и испорака на муниција и опрема одобрени од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден.