Макрон: Париз и Лондон работат на едномесечно примирје во Украина
Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, на море и на енергетската инфраструктура, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон.
– Предноста на таквото примирје е што знаеме како да го измериме, иако линијата на фронтот е огромна, еднаква на растојанието од Париз до Будимпешта, истакна Макрон.
Британскиот премиер Кир Стармер по вчерашниот Самит во Лондон изјави дека Париз и Лондон работат на план за прекин на огнот во Украина, кој потоа ќе му го претстават на САД