Ворен Бафет плати најголем корпоративен данок во историјата на САД

Американскиот инвеститор и бизнис магнат Ворен Бафет, кој стои зад конгломератот Berkshire Hathaway, го платил најголемиот корпоративен данок во историјата на САД – 26,8 милијарди долари за 2024 година.

„Оваа сума ги надминува дури и технолошките гиганти со трилионски пазарни вредности“, изјави Бафет во годишното писмо до акционерите, додавајќи дека се надева дека парите ќе бидат искористени за помош на финансиски загрозените Американци.

„Потрошете го паметно. Грижете се за оние што се борат да врзат крај со крај. Тие заслужуваат подобро“, порача Бафет, нагласувајќи и дека владата има одговорност да ја одржи стабилноста на валутата.

 

Плаќањето на Berkshire Hathaway сочинува пет проценти од сите собрани корпоративни даноци во 2024 година. Од 1965 година, компанијата има платено вкупно 101 милијарда долари данок, а Бафет им се заблагодари на инвеститорите што го овозможиле тоа.

Интересно е што Berkshire Hathaway исплатила само една готовинска дивиденда во својата историја – одлука што Бафет во ретроспектива ја нарекува „лош сон“.

Извор: Racin.mk

Back to top button
Close