ГАЛЕРИЈА: Овде и здрави луѓе ќе оболат, не пак болни да оздрават: Вработени го канат министерот Тараври да ја посети болницата во Демир Хисар!
Но, фотографиите од оваа здравствена установа кои ги објави ,,Фокус” не само што се чиста спротивност на визијата, туку се и крајно вознемирувачки, и на нив се гледаат услови за пациенти кои најверојатно не може да се сретнат никаде во светот, кога се болниците во прашање.
Имено, вработени во установата, чиј идентитет е познат на редакцијата на ,,Фокус”, а кои инсистирале на анонимност, бидејќи се плашат за своите работни места, ги доставиле фотографиите, со покана до министерот за здравство Арбен Таравари, да дојде, да понесе со себе и новинарски екипи со камери, и самиот јавно да каже дали овие услови се дозволиви за било каква јавна установа, а посебно за здравствена установа, каде пациентите престојуваат со цел да се подобри нивното здравје.
-Има околу 200 пациенти и околу 250 вработени. Насекаде, низ целата установа условите се катастрофа, а посебно е загрижувачка состојбата на одделенијата четири, пет и осум. Веќе пет месеци пациентите се буквално голи, оти немаат пижами, информацијата која ние ја имаме е дека пижамите заглавиле на тендер. Немаме чаршафи, за храната и да не појаснуваме, најевтини паштети, некакви чорби… Никаков квалитет, ниту пак хранлива вредност.
Има вошки, има разни кожни болести, ова е под секое човечко достоинство. Нека дојде министерот за здравство, нека се увери самиот во ова кое го зборуваме. Како во вакви услови, пациентите кои се лица со нарушено ментално здравје можат да се рехабилитираат, или евентуално да им се подобри состојбата?
Па овде и здрав човек да биде сместен, ќе се поболи!
Грев е за пациентите, но и нехумано за вработените кои се принудени да работат во вакво опкружување, без основни услови за работа и престој, велат нашите соговорници.
…