МВР се премисли – ја ревидираше идејата за контроверзни промени во Член 31 од Законот за полиција
По објавената реакција утрово на Предлогот за промена на Член 31 и бришење на Член 31-а од актуелниот Закон за полиција реакција стигна и од Министерството за внатрешни работи од каде не информираа дека сепак одлучите конкретниот член да не се ревидира.
-Министерството за внатрешни работи изврши дополнителна анализа и проценка на предложените решенија и аналогно на тоа во постојната работна верзија на предлогот на закон повеќе не е предвидена никаква интервенција (ревидирање или бришење) во наведениот член, односно постојните решенија во важечкиот Закон за полиција во тој дел остануваат непроменети – не информираа од МВР.