Трамп: Не останува простор за Мексико или Канада да ги избегнат планираните зголемувања на царините
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „не останува простор“ за Мексико или Канада да ги избегнат неговите планирани зголемувања на царините.
„Не останува простор за Мексико или за Канада. Тарифите, знаете, сите се поставени. Тие стапуваат на сила утре“, рече Трамп во Белата куќа како одговор на прашање на новинарите.
Се очекува тие царини да бидат до 25 отсто.