АНАЛИЗА: Како се “полнеле” и “празнеле” општинските каси, Арачиново, Гостивар, Дебар и Кичево
Помалку приходи и пониски расходи во однос на планот – сумирани се податоците за финансиите на локалните самоуправи во 2024. Кај сите има потфрлување и на страната на полнење и на страната на празнење на општинските каси, пишува Порталб.мк. На локално ниво, највисоки износи се трошат за плати и придонеси, договорни услуги, градежни објекти. На приходната страна пак дел од општините не успеале да го остварат планот за наплата на даноците.
Наплата на данок на имот, највисоки расходи за плати …
Општина Арачиново од годишните планирани приходи за 2024 реализирала 81,5%. На приходната страна големо потфрлување има кај клучниот извор на финансирање, од данок на имот собрала 69 500 евра што е само 53,1% во однос на планот. Помалку пари се собрани и од данок на доход и од данок на специфични услуги. Буџетските трошења на оваа општина во однос на планот се реализирани со стапка од 78,3%. Најголем дел од буџетот или 1,8 милиони евра се потрошиле за плати и придонеси а повисоки трошковни ставки се “договорните услуги” и “поправки и тековно одржување”.
Реализација на Буџет 2024
Приходи Расходи
Општина Арачиново 81,5% 78,3%
Општина Гостивар 95,8% 95,5%
Општина Дебар 92,8% 91,2%
Општина Кичево 90,9% 90,7%
Извор : МФ
Општина Гостивар е една од оние кои успеале да ја наполнат општинската каса блиску до планот – со реализација на вкупните приходи од 95,8%. Наплатата на данокот на имот изнесува 90,5% а нешто повеќе од годишниот план била реализацијата по основ на данок на доход. Највисока приходна страна се државните трансфери. На расходната страна и оваа општина лани имала помала реализацијата во однос на планот, од 95,5%. За основни плати и придонеси биле потрошени 16,7 милиони евра. Повисоки трошковни ставки се “други градежни објекти”, “поправки и тековно одржување” и “договорни услуги”.
Во однос на планот за годишните приходи, Општина Дебар успеала да оствари 92,8% и потврдувањето е како последица на понискиот износ на државните трансфери. Оваа локална самоуправа успеала да наплати повисок износ од планираниот по основ на данокот на имот со натфрлање од околу 15% а повеќе пари од планираното наплатила и од данок на доход и од данок на специфични услуги. На буџетската расходна страна , вкупните трошења се реализирале со стапка од 91,2%. И кај оваа општина највисока расходна ставка се основните плати и придонеси за што лани биле потрошени 4,9 милиони евра. Повисоки износи се одлеале по основ на “други градежни објекти” и ” комунални услуги, греење, транспорт”.
Реализација на приходи од данок на имот
Општина Арачиново 53,1%
Општина Гостивар 90,5%
Општина Дебар 115,0%
Општина Кичево 114,7%
Извор: МФ
Во групата локални самоуправи кои успеале да наплатат повеќе даноци во однос на планот е Општина Кичево. Вкупните буџетски приходи лани биле реализирани со 90,9% а целосното неостварување е главно поради понискиот износ на државни трансфери. Наплата на данокот на имот изнесува 14,7% повеќе во однос на планот а повеќе пари се собрале и од данокот на доход додека најголем износ е собран од наплата на “даноци на специфични услуги”. На расходната страна од буџетот на општината реализацијата изнесувала 90,7%. За исплата на плати и придонеси лани се потрошиле 11,4 милиони евра а зад оваа ставка според износот е ставката “други градежни објекти”. Позначајни износи се одлеале и о основ на “договорни услуги” и “разни трансфери”.
Во следното продолжение на Анализа ќе се објават буџетските податоци за Струга, Тетово, Чаир , Сарај и Град Скопје.