Одложено е повторното судење за Теодора Ристовска, која го загуби животот во сообраќајна несреќа

Во Тетово денеска повторно се одложи за 27 март судењето за Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа. Судијата Елведин Ферати информираше дека причина е тоа што не е присутен обвинетиот Менсур Пајазити, како и неговиот бранител Александар Богдановски.

– На 3 март 2025 од сопругата на обвинетиот е доставен поднесок од сопругата на обвинетиот со кој извести дека обвинетиот се наоѓа на лекување во Клиничка болница и достави медицински извештај од ЈЗУ Клиничка болница дека како пациент е задржан на болничко лекување во оддел за интерна медицина. Бидејќи не се исполнети законските претпоставки за главна расправа истата се одложува за 27 март во 11 часот и 30 минути, рече судијата.

 

Семејството реагира дека како и при првото судење се соочуваат со одложување на правдата и имаат болка.

 

– По две и пол години повторно се наоѓаме пред основен сум повторно ни ја враќаат болката, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години. Студент кој се бараше за своите права со соништа беше човек со огромна душа и како што ги гледате овие луѓе денес тука дојдоа да не поддржат, бидејќи сестра ми имаше душа за сите. Не ми е јасно уште колку треба да поминуваме уште низ истиот пекол за нешто што е очигледно и што и колку солзи треба да пролееме уште колку мајки треба во црно да ги заживееме. Денес тука сме дојдени за правда за сестрите Теодора и се надевам дека судот ќе пресуди правилно, изјави Ева Ристовска, сестра на Теодора.

 

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.

– Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење, вели Ева Ристовска. Возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години, изјави Ева Ристовска. (Nezavisen.mk)

Back to top button
Close