Непосредно пред он-лајн конференцијата „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“ платформите за пренос под силен напад
Непосредно пред одржувањето на онлајн конференцијата на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог и Младите за медиумите (Германија), Нов европски граѓански форум (меѓународна организација), кои се организации основачи на глобалната иницијатива #DefendingDemocracу, сајтот на Цивил е под напад.
На настанот се најавени 16 говорници од Северна Македонија, Украина, Германија, Молдавија, Ерменија, Обединетото Кралство, и САД.
Конференцијата ќе се занимава со клучните прашања за иднината на Украина и поширокиот глобален одговор на војните на агресија и заканите од авторитаризмот, дезинформациите и хибридното војување. Дискусиите ќе ги истакнат позициите на Украина за неопходноста од праведен мир, што подразбира и барање за целосно ослободување на сите окупирани територии од 2014 година, како и непоколебливата поддршка од меѓународната заедница што ѝ е потребна на земјата за победа и долгорочна безбедност