(ВИДЕО) Брнабиќ: Србија се гради преку работа денеска низ солзи и гушење од чад од Собранието
„Имаме работа што мора да ја завршиме. Мораме да го донесеме Законот за високо образование и на тој начин да ги исполниме барањата на студентите. Мора да го усвоиме Законот за евтини станбени кредити за млади. Мораме да им помогнеме на нашите земјоделци. Имаме работа и Србија никогаш нема да застане. Србија се гради преку работа денеска низ солзи и гушење од чад од Собранието, додавајќи „Продолжуваме да работиме луѓе“.
Пратениците од опозицијата запалија факели, а собраниската сала се наполни со чад.