Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро

Премиерот на Унгарија – Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната.

Орбан истакна дека го информирал Мицкоски дека Унгарија ги поздравува преговорите меѓу САД и Русија и Унгарците се заинтересирани за успешен исход, како и дека имаат најдобри надежи за крај на војната.

– Ние се караме со државите од ЕУ кои се пријатели и наши сојузници, но решија дека Украина мора да продолжи со војната. Според нас продолжување на војната е лошо, опасно и грешка. Во четврток за тоа ќе зборуваме во Брисел. Го поздравив фактот дека и во ОН се разговарало за одлуките за мир и таму Македонија и Унгарија имаат исто гледиште, ние го поддржавме американскиот предлог кој е прифатен од Советот на безбедност, рече Орбан на прес-конференцијата.

Унгарскиот премиер додаде дека при разговорите на делегациите големо внимание било посветено на прашањето на миграцијата, а Унгарија и е благодарна на Македонија за тоа дека чувајќи ја својата граница, им помагаат и на нив.

Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни.

– Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, не само затоа што е срамно што овој процес споро оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија туку ние членките на ЕУ. Покрај тоа ние нивното членство го поддржуваме, ЕУ мора да биде поконкурентна во светото и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста освен продолжување на процесот на проширувањето. Секое проширување досега и донесе добро на Европската Унија, истакна Орбан

Back to top button
Close