Историјат на една резолуција?
За време на предизборната кампања во САД, кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп, актуелен претседател, во својата предизборна кампања неколку пати истакна дека при евентуален негов избор за претседател на САД за 24 часа ќе ја запре војната во Украина затоа што според него војната започнала поради неспособноста на поранешниот претседател Џо Бајден да седне на маса на преговори со Путин, неспособноста на украинскиот претсседател” Зеленски кој не се борел” доволно за интересите на Украина кога земјата се најде пред распад како и немоќта на Европа да се справи со безбедносната политика на континентот.
Сето тоа време Македонија ја осудуваше окупацијата на Украина од страна на Русија а Путин го сметаше за диктатор и фашист.
Коалицијата СДС-ДУИ се фалеше дека е проевропска и про САД и дека клучот на поспешување на евроинтеграциските процеси е во нивни раце како „државотворна„ партија и пропагираше во јавноста дека пречка за интеграцијата на земјата во ЕУ е одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да го споведе „Францускиот Договор„ за измени во Уставот на земјата со кои формулацијата „дел од бугарскиот народ„ и на некои помали заедници би биле составен дел на Преамбулата на Уставот на РМ.
Од друга страна рускиот претседател Владимир Путин пред три години со војска ја нападна Украина во таканаречената „специјална операција, со убедување дека ќе ја окупира територијално големата Украина за 72 часа.
И кога Путин дури и за три години не успеа да ја окупира Украина, и руската војска и руската економија претрпеа големи загуби Путин изјави дека е готов да седне на преговарачка маса дури и со Зеленски со цел да престане војната. И двајцата претседатели, Путин и Трумп, биле принудени да отворат меѓусебен дијалог за престанок на војната и отворање пат кон мирот во Украина.
Тимовите на двајцата претседатели работеле на составување на Резолуција која во име на САД, а коспонсоризирана меѓудругото и од Македонија, беше поднесена во Советот за безбедност на ООН на која интервенирале со амандмнаи некои европски земји и истовремено Украина и европските земји поднеле паралелна Резолуција во Генералното Собрание.
Фактот што Македонија се појави како коспонзор на Резолуцијата поднесена до Советот за безбедност заедно со САД, а потоа двете држави не ја гласаа истата, беше доволна да опозицијата и дел на интелектуалци и новинари ја нападнат власта, односно премиерот Мицкоски дека „го изгубил компасот на надворешната политика„ (која никогаш не била саглам политика !) и не сме ја имале освен познатата „еквидистанца„ на Глигоров.
Немајќи посилни аргументи а изгорени од желбата секојдневно да најдат простор за критики на власта после катастрофалниот пораз за време на парламентарните избори и високо корумпираната СДС „најде„ дека премиерот Мицкоски „го изгубил компасот на надворешната политика„. Забелешката на опозицијата беше дека мана на Резолуцијата била што во неа не е прецизирано дека Путин бил диктатор и дека не е осудена руската агресија врз Украина.
Сепак според професорот и прв МНР, Денко Малески, предноста на Резолуцијата беше дека се воспоставува мирот толку многу потребен во овие и други делови на Европа.
Тоа што треба да биде главна компонента при анализите е дека можеби за ретко кој пат двете економски и воено најсилни држави во светот (САД и Русија) во досегашната историја имале ист став околу безброј предложени Резолуции од едната или другата страна чиј епилог секогаш завршил со вето од едната од големите сили. Скоро единствено сега големите сили заедно поддржале иста Резолуција!
Од драфтот на Резолуцијата до конечниот текст не знам колку компромисни форулации за прекин на војната биле како опции оти секому му е јасно дека ретко кој светски лидер би прифатил Резолуција во која тој ги има квалификациите на диктатор а неговата земја окупатор, како што е случајот со Путин и Русија.
Читајќи ги последните колумни на „идеаторот„ на македонската независност, „единствениот„ професор кој „најдобро„ го познава меѓународното право и меѓународните односи, (како што сам изјавува) првиот министер за надворешни работи Денко Малески, на кого се сеќавам од една собраниска седница во 90-тите години кога одговарајќи на критиките на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за бавниот пат на земјата кон независноста, отприлика призна дека емотивно бил поврзан за таа федерација и дека тешко е да се оддалечува од неа. Тоа беше доволна причина Република Македонија долги години да се бори за афирмација на својата независност. Долги години земјата ја носеше како епитет придавката „југословенска република„ .
Состојбата стана по “афирмативна„ и „покорисна за југословенската република кога под раководството на учителот Глигоров и ученикот Малески во меѓународните односи, во ООН, „привремено„ од реална „југословенска република„ Република Македонија „конвертираше„ во Поранешна југословенска Република Македонија или ФИРОМ како пишуваше на таблите на нашата земја во разни конференции или седници., Тоа се случи токму во времето кога сите југословенски поранешни републики станаа независни држави без придавката поранешни југословенски републики оти Југославија веќе била заминала во историја.
Ете, тоа беше надворешната „стабилна„ политика на опозиционата СДС, како „државотворна партија„. И така 30 години живеевме и се развивме носејќи го на грб „овој југословески самар„ до 17 јуни 2018 кога во Преспа со потписите на Ципрас и Заев станавме одблокирана држава на која според ЕУ извештаите „ местото и беше во ЕУ„ а никогаш не успеа тоа да стане.
Последните пет години и нешто повеќе „познавачот„ на меѓународното право професор Малески, ја советуваше опозицијата ВМРО-ДПМНЕ да ги гласаат уставните измени со вметнување на категоријата „дел од бугарскиот народ„ во Уставот со образложение дека Македонија е мала држава, економски послаба од Бугарија која е во нејзиниот дом ЕУ и има комшии и пријатели кои ја поддржуваат во нашиот спор со нив и затоа треба да ги гласаме уставните измени.
Малески во своите политички беседи кон власта и поранешната опозиција секогаш се наслонува на „чистење на својот двор: со прифаќање на (непотребни) зачестени отстапки и компромиси се со цел да бидеме дел од ЕУ за да секогаш „бидеме на масата на ЕУ оти ако не бидеме дел на масата ќе бидеме во менито„
Историјата не научи дека во далечната 1992 год. за време на Лисабонската (Европска) Декларација иако не бевме на масата на ЕУ сепак не дозволивме да бидеме во менито на големите сили затоа што бевме единствени, бранејќи ги силно заеднчките интереси. Овие феномени профеорот ги толкува преку постапките на „реалистите„ во меѓународната политика, кои според професорот веруваат во еволуција на односите во меѓународното општество на држави кон доброто.
Нема сомнеж дека верувањето во еволуција на односите во светот е столб на надежите кај луѓето и дека тоа е морално и легитимно право земјата да се бори да се приклучи кон ЕУ и покрај пречките што ги поставуваа другите, меѓу нив и Бугарија.
Сегашната позиција на земјата како земја кандидат за ЕУ е резултат на еволуција на настаните, ставовите и одлуките на ЕУ. Разликата е во тоа што нашата опозиција не верува во еволуција на настаните туку на познатото „речено-сторено-непроменливо„.
На неупатените во развојот на односите ЕУ-Македонија илузорно е да им објасниш дека после Лисабонската Декларација за Македонија состојбите еволуираа до тој степен што земјата стана независна и кандидат за членство во Унијата.
Не е воопшто блиску до вистината дека за врема на победата на демократијата и правото во САД како што пишува Малески „не ни успеа да добиеме поддршка за името затоа што надвладеа интересот и силата, а не правото и правдата.
Тоа што САД го направија за Македонија тогаш беше најголемиот подарок што САД можеше да и го подари на земјата; признавање на уставното име и потпишувањето на билатералниот договор за соработка меѓу една премногу голема(геогравски) земја и воено-економска сила во светски размери и геогравски малата Македонија.
Koj тоа „пукаше во слепоочницата„ на Македонија?
Анализирајќи ја како штетна по нашите национални интереси нашата постапка со која не ја гласавме резолуцијата на САД коспонзирана од нашата земја Малески во својата колумната „Гласавме против нас во ООН„ пишува дека да си со најмоќната држава во светот, да ја имаш нејзината благонаклоност, во принцип е добро за сопствената држава и народ. Тогаш во што е сега дилемата?
Дали ја сакаме американската благонаклоност и не го сакаме “контрадикторниот” Трамп (што е можно) кого скоро го избрааа милиони американци, и кој „му тутнал во рацете револвер на еден тазе премиер на Балканот (алузија на Мицкоски), со осум од девет куршуми да си игра руски рулет и да пука во слепоочницата на Македонија, како што во својата колумна пишува Ерол Ризаов ?
Самоубиствен чин на еден тазе премиер од Балканот “како што наивно размислува и пишува Ерол Ризаов, или е нешто спротивно на тоа? Да ни биде јасно, пишуваат Малески и Ризаов, не ја напуштаме ние Америка, таа ја напушта Европа, а ние треба да се солидаризираме со Европа. Кутрата, сега Европа сама треба да размисли за својата одбрана!
Анализирајќи ги фактите и дејствијата јас (можеби погрешно !) не гледам дејствие дека ја напуштаме Европа, оти тоа не можеме и да сакаме затоа што не сме влијателни во нејзините политики. Колку пати дневно земјата на пресови и разни конференции треба да изјави дека Европа нема алтернатива? Колку други децении Македониа треба да чека да преку исполнување на ќејфови на разни комшии да биде рамноправна членка на ЕУ?
Во 1992 год. Европа преку Лисабонската Декларација изјави дека нема да признава земја за независна ако во нејзиното име стои зборот Македонија.
Сега европјаните после три децении изјавуваат дека Македонија треба да го држи зборот а самата заборави дека после Преспанскиот Договор Европа не го држи својот збор: НАТО-ДА, ЕУ-НЕ!
ЕУ од Солунскиот Самит 2003 год. во секоја нејзина Декларација афирмира дека местото на земјите на Западен Балкан е во ЕУ. И покрај тоа од тогаш до денес земјата не успеа да биде ЕУ!
„Сепак, (пишува во колумната Малески) од првите денови на нашето членство во светската организација ориентир во гласањето на државите од групата земји од Источна Европа, дваесет и една на број, беше како ќе гласаат државите на ЕУ.
Конечно, ние сме држава на европскиот континент а нашата стратешка цел беше членство во ЕУ. Со време, тоа и се случи: државите од Централна и од Источна Европа се приклучија на европскиот сојуз. Меѓутоа Македонија сè уште не е во ЕУ.
Да го прашаме професорот и прв министер за надворешна политика тоа време каква инструкција му даде на тогашниот наш амбасадор во ООН да гласа или не за Резолуцијата број 817 од 8 април 1993 за приемот во ООН на Република Македонија со противуставното име ФИРОМ?
Каква мака имал тогаш Уставниот Суд кој не поведе инијатива за утврдување на уставноста на барањето за прием во ООН со кратенката ФИРОМ?
Дали тој чин тогаш бил тактички осмислен со нашите „стратешки партнери„ и во корист на својот народ, односно на граѓаните на Република Македонија за што денеска се залага Малески? Или не.
Дали ни се повторува минатото, кога според професорот „Ние, пак, мртви сериозни, малку, малку ќе се повикаме на „нашиот стратешки партнер“.
Британците барем смогнале сила да се насмеат на сопствена сметка и честото повикување на „специјалните односи“ меѓу Велика Британија и Америка. Некој рекол: Американско-британските „специјални односи“ се толку специјални што само едната страна (Британија) знае за нивното постоење.
На крај: компарацијата меѓу американско-британските специјални односи не Ви излезе точна професоре оти сведоци сме дека за два три дена британскиот премиер Кеир Стармер, американскиот претседател Доналд Трамп за три дена два пати се сретнале во двете земји да разговараат за иднината на тие односи и покрај фактот дека американско-европските односи не се сјајни!
Скоро истото се повтори се американско-европските односи: пријателски дијалог Макрон-Трамп.
Какво влијание ќе имаше Македонија, САД да не ја напушти Европа ако земјата ќе гласеше за Резолуцијата на Генералното Собрание?
Спротивно, на американската стратегија во надворешната политика, стратегијата на европските лидери кои последните пет години многу често ја посетувале Македонија и пред пратениците со еден збор „добар ден„ на македонски и “ mirëdita” на албански јазик не повикувале да ги гласаме уставните измени за да влеземе во -Европска Унија се покажала неуспешна.
П.С
Сосема на кратко за историјатот на пријателството на претседателот Борис Трајковски со претседателот Буш спомнато во еден медиум овие денови.
Во 2001 год. Претседателот Трајковски имаше средба со заменик Државниот секретар за одбрана на САД Пол Волфовиќ на која присуствував и јас како заменик министер за надворешни работи.
Имено Волфович бараше од Трајковски учество на Македонија во операцијата „Слобода за Ирак„ за соборување на ирачкиот диктатор Садам Хусеин.
Ние во САД знаеме дека Вие немате која воена моќ која може да биде значајна за операцијата, му рече Волфовиќ на нашиот претседател.
Вашето приклучување има симболичен карактер: околу коалицијата треба да бидат што поголем број на држави.
Тогаш претседателот Трајковски му рече дека е спремен во сешто да ги подржи САД само да го замолите претседателот да донесе одлука земјата да ја признае под уставното име.
После овој одговор Трајковски и Волфовиќ се одвоија на крајот на големата соба и раговараа насамо и јас излегов надвор.
После таа средба САД го прифатија уставното име на државата и така комуницираше со земјата.
Мухамед Халили