ЕУ подготвена да и помогне на земјава околу трагедијата во Кочани

– Европската Унија е подготвена да помогнеме на Северна Македонија во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.

– Подготвени сме да помогнеме преку нашиот Механизам за цивилна заштита, доколку тоа биде побарано, посочи портпаролот, при тоа изразувајќи жалење за трагедијата.

Во врска со пожарот се огласи и еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент Хаџа Лабиб која изрази жалење за жртвите и изрази солидарност со земјава.

– Трагедија во Кочани, Северна Македонија, каде што катастрофален пожар во ноќен клуб резултираше со голем број жртви и повредени. Нашите мисли се со жртвите, нивните семејства и тимовите за итни случаи. ЕУ е подготвена да даде поддршка. Солидарни сме со Северна Македонија, наведе Лабиб во објава на Икс.

Претходно изрази на сочувство, солидарност и тага изразија и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Најмалку 59 лице загинаа, а 155 се повредени во пожар што се случи минатата ноќ во ноќен клуб во Кочани.

Back to top button
Close