Почесниот конзул на Србија Стаиќ: Ќе ги покријам сите трошоци на семејствата на повредените кои се пренесени во болниците во Ниш и Белград


Како почесен конзул на Република Србија во Република Северна Македонија, одлучив да ги покријам трошоците за престој на семејствата чии најблиски, повредени во несреќата во Кочани, се хоспитализирани во болниците во Ниш и Белград, во Република Србија.
Посакувам брзо закрепнување и многу сила за сите кои поминуваат низ оваа голгота. Во овие тешки моменти, најважно е да покажеме солидарност. На сите на кои им е потребна помош, ја споделувам електронската пошта на Почесниот конзулат: [email protected]

Back to top button
Close