24 часа по најголемата трагедија во Македонија – што знаеме досега?

Македонија вчера ја доживеа најголемата трагедија од осамостојувањето. Во пожар во диско клубот „Пулс“ во Кочани, загинаа најмалку 59 лица, од кои голем број на млади лица.

-пожарот се случил нешто пред 3 часот, веројатно од искри од пиротехника кои ја запалиле кровната конструкција, при што со огромна брзина се проширил. Настанало стампедо од луѓе кои се бореле да излезат надвор

-веднаш е почната спасувачка акција во која противпожарни возила биле испратени од сите места од државава, по што повредените се транспортирале во Штип, Скопје, Куманово…

-животот го загубија најмалку 59 млади лица, а над 100 беа хоспитализирани низ клиниките во државата. Повеќе од 40 лица беа испратени на лечење во Бугарија, Грција, Србија, Хрватска, Турција, Романија…

-загинаа шест членови на групата ДНК, меѓу кои и пејачот на групата Андреј Ѓорѓиески

-клубот работел со фалсификувана лиценца, издадена од Министерството за економија

-Владата донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на целата држава

-Јавното обвинителство изврши увид, и утврди многу неправилности, меѓу кои немање хидратантски систем, недоволен број на ПП апарати, недоволен број на излези…

-ЈО утврди и неправилности при пренамената на објектот, односно не бил регистриран како угостителски објект

-Приведени се 10 лица, некои поранешни вработени во министерството од економија, како и поранешниот директор за заштита и спасување. Вчера на информативен разговор беше и екс министерот за економија Крешник Бектеши. За 10 лица е одредена мерка притвор од 48 часа

-Врз телата на починатите ќе се врши обдукција, за да се утврди причината за смртта. Дел од најблиските да починатите не сакаа да дозволат обдукција, и се направи тензија пред кочанската болница, каде не дозволуваа телата на нивните најблиски да бидат транспортирани во Скопје да се изврши обдукцијата

-Јавноста и експертите реагираат дека полицијата не го обезбедила соодветно настанот настанот и не направила соодветна претходна проценка на локацијата присутноста на евентуалниот ризик

Back to top button
Close