Бугарија ќе обезбеди превоз и сместување за семејствата на повредените што се таму на лекување
Бугарската амбасада во Скопје информира дека Бугарија е подготвена да обезбеди целосна помош, односно транспорт и сместување за најблиските членови на семејствата на повредените во трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болниците во Софија, Пловдив и Варна.