Во штипската Клиничка болница хоспитализирани двајца пациенти од несреќата во Кочани
Само двајца пациенти од несреќата во Кочани се лекуваат во штипската Клиничка болница, информира во писмено соопштение утринава портпаролот на Клиничка болница-Штип, Емилија Арсова.
-По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар ‘‘Мајка Тереза‘‘ – Скопје. Транспортот на сите пациенти помина безбедно, вели Арсова во писменото соопштение.
Посочува дека во моментот во Клиничка болница-Штип има само двајца пациенти, една пациентка со изгореници од полесен степен на рацете и еден пациент со повреда на рацете