Почина возач на Итната помош од Кочани кој вчера неуморно цел ден пренесуваше тешко повредени
Утрово Кочани и јавноста ја разбуди нова трагична вест за загуба на млад живот.
Имено колегите и вработените во Општата болница Кочани кои се уште не можат да се соземат од шокот, утрово се простуваат од Иле Гоцевски.
Долгогодишен возач на возила во Итната помош Кочани кој ноќеска починал откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени лица отишол дома да одмори и не се пробудил