ВИДЕО: „Граѓаните на Кочани бесни на протест – ја демолираа кафаната на газдата на дискотеката, бараат одговорнoст
Револтираните граѓани на Кочани денеска излегоа на протест, барајќи градоначалникот Љупчо Папазов да се појави пред народот и да даде одговори за трагедијата што го потресе градот. Насобраните граѓани изразија гнев поради неговото отсуство и начинот на кој локалните власти реагираа по несреќата.
Граѓаните бараат транспарентност, одговорност и објаснување за тоа како дошло до несреќата, каде била полицијата, и зошто безбедносните мерки во објектот не биле на соодветно ниво. Според нив, оставката на градоначалникот не е доволна, туку треба да се понесе одговорност од сите институции кои дозволиле ваква катастрофа.
Протестот се одржа во центарот на Кочани, а граѓаните најавуваат дека нема да престанат со притисокот сè додека не добијат конкретни одговори и мерки од надлежните.
Извор: 24инфо