ДУИ: Тврдењата дека некој од Министерството за економија издал лажна лиценца се целосна конструкција

„Согласно правилникот за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност, во член 9 е утврдено дека објектите е неопходно да ги исполнуваат условите односно со барањето за донесување решение за издавање лиценца за кабаре да достават решение од Централен регистар, уплатен надоместок до општината Кочани, пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на дејсност доставена до ДПИ и до општината Кочани, како и согласност од МВР дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност во сообраќајот“, рече потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми

Тој додаде дека Министерството за економија, токму поради фактот дека не биле исполнети условите за издавање лиценца и не била доставена потребната документација, не ја издало лиценцата

Потпретседателот на опозициската ДУИ, Арбр Адеми, денеска на прес-конференција ги нарече целосна конструкција тврдењата дека некој од Министерството за економија издал лажна лиценца за дискотеката „Пулс“ во Кочани. Овој негов коментар доаѓа по вчерашните изјави на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека „Пулс“ имала фалсификувана односно нелегална лиценца за кабаре.

Адеми прво ја објаснуваше процедурата со која едно правно лице докажува дека ги исполнува минималните технички услови за да стигне до лиценца за кабаре.

„Согласно правилникот за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност во член 9 е утврдено дека објектите е неопходно да ги исполнуваат условите односно со барањето за донесување решение за издавање лиценца за кабаре да достават решение од Централен регистар, уплатен надоместок до општината Кочани, пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на дејсност доставена до Државен пазарен инспекторат и до општината Кочани, како и согласност од МВР дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност во сообраќајот. Министерството за економија токму поради фактот дека не биле исполнети условите за издавање лиценца и не била доставена потребната документација, не издало лиценца“,рече Адеми.

Еве кои се аргументите на Адеми дека тврдењата дека некој од Министерството за економија издал лажна лиценца се конструкција.

„Ако некој, поточно државниот секретар, земал пари да издаде лиценца, истата ќе ја издал и ќе била евидентирана во Министерството, но и во регистарот на лиценци кој постојано месечно се апдејтира со најнови податоци, а таква лиценца не е евидентирана бидејќи не е издадена. Ако некој фалсификувал документ надвор од институцијата, одговорноста е на поединецот или групата кои го сториле истото и одговорност мора да има“,порача тој.

Адеми рече дека во обид да ги спаси своите кадри од одговорност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, со конструкции се обидува гневот да го насочи кон барање одговорност каде што ја нема.

„Ова е трагедија од невидени размери, каде животот го загубија голем број млади луѓе. Одговорност мора да има, а во случајов ноторен факт е дека во март 2024 година министерот за економија Крешник Бектеши не дозволил да се издаде лиценца за тој објект, бидејки објектот не исполнувал услови, лиценца нема во регистарот на Министерството ниту администрацијата изготвила таква лиценца во 2024 година, а зошто објектот до март 2025 година работел без лиценца одговорот треба да се побара на местото каде мора да се бара и добие одговорност за оваа трагедија“

рече тој.

Адеми презентираше четири точки во кои рече дека е вистината за одговорноста:

1.     Несреќата се случи во време кога на власт е ВМРО ДПМНЕ со целосна контрола над сите институции и во централна и во локална односно општинска власт во Кочани, има Градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО и началник на МВР Кочани на предлог на Градоначалникот;

2.     Министерството за Економија во 2024 година токму опради неисполнување на услови ниту дал одобрение, ниту административните служби во Министерството за економија издале лиценца за ова кабаре односно ноќен клуб за работа. Овој факт се обидува некој да го дефокусира со наводен фалсификат кој не се знае дали постои, кој го направил, а можно е да е креиран токму за цел да се избегне одговорност за оние кои се власт 3 години, а дозволиле цела година без лиценца илјадници настани да се одвиваат во објектот каде се случи кобниот настан;

3.     ВМРО ДПМНЕ не се на власт 1 месец туку се на власт скоро 1 година. Во таа година целосно го реформираа Министерството за економија и го трансформираа во Министерство за економија и труд. Во тоа време морале да водат сметка за што се случува со објектите и да контролираат преку своите институции дека таму нема услови и токму затоа нема лиценца издадено;

4.     Градоначалникот на Кочани Папазов не само што била должен да знае туку и бил должен да врши секојдневно контрола над рабоењето на објектите под своја надлежност. Во Кочани како општина со 31.602 жители, и само 2 места кои работат дејност ноќен клуб односно кабаре, Папазов и надлежните од општината знаеле и биле должни да знаат дека фирмата ММММ Кафе Дооел Кочани нема лиценца и не исполнува услови.

Според Адеми, клучно е кои институции, кои функционери и со чија одлука е дозволено во 2024 и 2025 година, како што рече, без лиценца да се обавува дејност ноќен клуб, односно кабаре, и да функционира.

„Сметаме дека на јавноста и е јасно кој апсолутно владее во изминатата година во Македонија, во чие време се случи оваа трагедоја, кој дозволил да се случи и чија е одговорноста за случувањето на оваа трагедија, а одговорност мора да има“,

рече Адеми.

Тој најави дека во текот на следните денови партијата ќе излезе со целосна документација и докази за тоа кој, како и на кој начин дозволил да се случи, како што рече, оваа грозоморна трагедија.

Back to top button
Close