Притвор за обезбедувач на дискотеката во Кочани: Ги спасив сите кои можев, мака ми е за сите што не можев


Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. Тој е осомничен бидејќи внатре се пуштени да влезат и малолетници, што е противзаконски.

„Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво и мака за тие што не можев тие да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата на починатите. Голем дел од нив се мои пријатели и другари кои на сопствени раце ги извадив. Не знаете на мене како ми е, ама тоа е“, кажа Боев.

Тој одговори дека гневот во Кочани не е кон нив.

„Луѓето што протестираат се од кај нас, бараат правда за нас, слобода, ние успеавме се да направиме, јас сум дел од обезбедувањето што успеа да ги извади сите преживеани“, додаде Боев.

Во пожарот во дискотеката загинаа 59 лица, меѓу нив и малолетници. Во тешка здравствена состојба има 20 лица.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close