(ВИДЕО) Свештеник ги смируваше гневните луѓе во Кочани: “Да ги погребаме децата, па ако сакате запалете го градот“
18.03.2025 09:40
1,410 Читање помалку од 1м
Свештеник ја смируваше гневната толпа народ насобрана пред куќата на Градоначалникот Папазов во Кочани. На вчерашниот протест на повеќе локации во Кочани, луѓето се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да ја каменуваат куќата на сега веќе поранешниот градоначалник.
Свештеникот ги молеше луѓето да се смират и да ги погребаат децата кои загинаа во пожарот.
“Ве молам во името на Бога да одиме и да ги погребаме децата, после градот ако сакате запалете го. Ве молам послушајте ме. Помолете се во црква, не еубаво ова што го почнавте“ им рече свештеникот.