Осум пациенти од Кочани кои вчера пристигнаа во Србија се со повреди опасни по живот

Во изјава денеска за РТС, Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија нагласи дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди опасни по живот.

– Тие се згрижени, стабилни се, а лекувањето продолжува, за што секако ќе биде потребно време, додаде Стојичиќ.

– Во најтешка состојба е еден пациент, Стојичиќ.

Во Србија се згрижени 29 тешко повредени лица и се наоѓаат во четири здравствени домови – Воената болница и Клиничкиот центар во Ниш, Воено-медицинската академија во Белград и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.

фото: МИА

Back to top button
Close