Калајџиев: Спинуваат сега, се плашат од српско сценарио
Рано е за оценки, не знаеме искрено до каде се истраги, а што е пи-ар. Спинуваат сега, се плашат од српско сценарио, коментира за „Слободен печат“, професорот Гордан Калајџиев на нивното прашање дали власта се амнестира од одговорност од трагедијата што се случи во Кочани во која загинаа 59 млади, со оглед на тоа што вчера се апсеа функционери од поранешната власт, а градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов се уште нема статус на осомничен.