Социјални работници и психолози на грчкиот Црвен крст се во солунските болници за помош на роднините на повредените

Тим од социјални работници – психолози на Црвениот крст на Грција се наоѓа во болниците во Солун и им нуди помош на роднините на повредените кои се хоспитализирани, информираа од грчкиот Црвен крст на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно посочија дека по трагедијата во Кочани веднаш стапиле во контакт со нашиот Црвен крст, „со оглед на континуираната и одлична соработка“ за да одговорат на хуманитарните потреби.

– Црвениот крст на Грција ја извести како амбасадата на Северна Македонија во Грција, така и претседателот на Црвениот крст на соседната земја за можностите што ги има да им помогне на семејствата и роднините на лицата кои се префрлени на лекување во нашата земја, во однос на сместување, храна и психолошка поддршка, информираа од Црвениот крст.

Back to top button
Close