Нема поврзаност на сопственикот на дискотеката со резервоарот за нафта кој бил празен

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информира дека сите 59 починати во трагедијата во Кочани се идентификувани и завршена е обдукцијата. Во катастрофалниот пожар се повредени 196 луѓе, од кои 20 се деца. Во моментов 93-ца повредени се лекување на скопските болници, а 80 се лекуваат во странство.

Извршени биле разговори со 71 лице. 14 лица се во 48-часовен притвор.

Во денешниот претрес во општина Кочани се обезбедува документација поврзана за дискотеката. Исто така биле претресени и службени простории на државен советник во рамки на Министерството за економија.

Околу резервоарот за нафта најден во близина на дискотеката, министерот потврди дека постоела „бензиска пумпа и одреден резервоар вкопан во земја“.

-По првичните информации е празен и не бил во допир со настаниот пожар во ужасната вечер. Сопственичката структура не е поврзана со менаџерската структура која е организатор во дискотеката, појасни Тошковски.

За разрешените началници и командир од СВР Штип и ОВР Кочани, министерот рече дека во моментов не може да прејудуцира никаква вина врз основа на доказите кои што сега се обезбедени. Најави детална анализа и рече дека има обемна документација. Вклучена е и Внатрешната контрола во МВР.

Back to top button
Close