Путин и Трамп најавија нормализација на односите меѓу Русија и САД, соопшти Кремљ
Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп го изразија својот заеднички интерес за нормализирање на односите меѓу двете земји во поглед на заедничката одговорност за стабилноста во светот, објави прес-службата на Кремљ по телефонскиот разговор меѓу лидерите.
-Беше изразен взаемен интерес за нормализирање на билатералните односи со оглед на посебната одговорност на Русија и САД за обезбедување безбедност и стабилност во светот, се вели во соопштението.
Двајцата претседатели продолжуваат со деталната и искрена размена на мислења за ситуацијата околу Украина, соопшти Кремљ