Погребот на Андреј од ДНК ќе биде утре – последен поздрав во 10 часот, во капелата Бутел

Во капелата во Бутел, во 10 часот, семејството, роднините и пријателите ќе го испратат Андреј Ѓорѓиевски, вокалот на „ДНК“. Тој ќе биде погребан на гробиштата во Бутел. Информацијата ја објавија неговите пријатели.

Андреј трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој според очевидци, тој излегол навремено, но влегол да спасува заглавени деца. Меѓу 59-те загинати има и малолетници.

Од бендот на ДНК, засега за јавноста е познато дека починаа и клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев, придружниот вокал Сара Пројковска. Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познат како Мартин Буцо

Back to top button
Close