(ВИДЕО) Прекин на дербито Тетекс – Влазрими откако гостите го нападнаа судијата Младеновски!
Требаше да биде дерби во Третата лига – запад денеска во Тетово меѓу Тетекс и Влазрими, но далеку беше од дерби. Имено мечот во 75 минута беше прекинат откако гостинските фудбалери го нападнаа судијата Марјан Младеновски како што се гледа од видеото.
Хаосот на игралиштето на АМС настана откако Младеновски во 75.минута свирна пенал за Тетекс, и тогаш дојде до нападот врз судијата кој беше удиран како што се гледа од видеото. Секако дека надлежните ќе си имаат полно раце работа по овој тежок инцидент.
Да кажеме и тоа дека во пресрет на ова дерби, Тетекс беше прв на табелаа со 32 бода, а Влазрими втор со бод помалку.
Извор:спорт.мк