Скопје1: Син на ексградоначалник на ДУИ е лицето по кое се трага, а пукаше со пиштол и пушка, додека други го снимале
Лицето кое пукаше во воздух, прво со пиштол, па со автоматска пушка е Абдула Ќамили, син на поранешниот градоначалник на Општина Долнени, Џемал Ќамили од ДУИ. Ова е неофицијална информација, а истото може да се заклучи и ако се споредат иницијалите испратени од Министерството за внатрешни работи. Абдула Ќерими, кој пука на снимката, не бил пронајден во неговиот дом и по него се трага. Неговиот татко, ексградоначалникот Џемаил е уапсен, пренесе Скопје1.
Оваа акција доаѓа откако протече снимка од Абдула Ќерими, како пука во воздух. Непознато е дали тој ја споделил или негови блиски. Бидејќи сомневањата се дека снимката е направена во дворот на ексградоначалникот, одземен е уред поврзан со видео надзорот во нивниот дом за да се утвдат деталите.
МВР потоа направи претрес и најде три парчиња оружје, сите поседувани со дозвола од ексградоначалникот. Дома си имале репетирачки карабин, полуавтоматски пиштол, како и ловна пушка.
Тие поседувале и соодветна муниција. Па така, запленети се 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон.
Моментално, истрагата против таткото кој е ексградоначалник и синот кој пукал се води за предизвикување на општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Снимката на социјалните мрежи стана вирална вчера.