ДУИ: 21 дена поминаа – Владата сè уште ги крие клучните факти и одговорните за најголемата трагедија што ја памети Кочани

Соопштение на ДУИ:

На 16 март ги загубивме 60 млади животи. Денес, 21 ден подоцна, сè уште тагуваме – но уште повеќе боли што вистината се крие, а одговорност нема.

Што се случи со видео надзорот? Знаеме дека серверите преживеале. Дали е точно дека снимките прикажуваат прослави со локални полициски службеници само неколку дена пред трагедијата? Дали тие биле присутни и во самиот ден на настанот? Кој ги чува тие снимки, кој ги сокрива и зошто досега не се објавени?

Ја прашуваме Комората на компании за обезбедување – дали агенцијата „Рубикон” поседува лиценца? Колку од нејзините вработени биле лиценцирани според законот?

И конечно – целата локална полициска вертикала, од станицата до Министерот, знаеле дека локалот работи без лиценца, дека се користат пиротехнички средства и наркотици. И сите молчеле. Денес, 21 ден подоцна, никој не понесе ниту морална, ниту правна одговорност.

Ова молчење не е само институционален срам – ова е соучесништво. И нема да дозволиме вистината да се скрие, а одговорноста да се избегне

Back to top button
Close