Мицкоски воздржан за коментарите дека ВЛЕН сака да го тргне Таравари од коалицијата и Влада

На новинарско прашање дали е точно дека Арбен Таравари ќе ја напушти коалицијата ВРЕДИ, и доколку тоа се случи од ВРЕДИ ќе побараат од премиерот да го тргне од Владата, Мицкоски вели „би се воздржал од било какви коментари само би кажал дека Владата функционира обединето“.

-Во јавноста има многу информации, јас би се воздржал од било какви коментари само би кажал дека Владата функционира обединето, единствено, оваа Влада има би рекол неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат, така што треба да ја оставиме Владата да работи како што е до сега, изјави Мицкоски

Back to top button
Close