Tаравари: Ќе одлучиме дали ќе одиме заедно со ВЛЕН на избори или сами

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на почетокот на работите на Собранието на партијата, изјави дека тие се дел од ВЛЕН-от и дека ќе се обидат до крај да најдат решение.

Тој рече дека сите работи ќе бидат дискутирани внатре на состанокот и ќе се излезе со заеднички заклучок.

„Ќе се обидеме до крајот да најдеме решение заедно со ВЛЕН-от, ако не, имаме опција да одиме сами на избори“, рече Таравари.

На денешново собрание Алијансата на Таравари требе да одлучи дали со 40 % од кандидати за градоначалници се задоволни и на локалните ќе трчаат со другите три партии од коалицијата влен или ќе настапат сами.

Според партиски извори нај малку посакувана опција за Таравари е премиерот да го прифати барањето на Меџити Касами и Гаши да му се заблагодари и да го исфрли од владата. Ако Таравари остане без министерската позиција ќе нема партија затоа што ќе нема можност да вработува во здравството и така да придобива подржувачи вели за Либертас извор од Влен.

Таравари пред поќетокот на собранието на новинарите им даваше изјави во друштво со градоначалникот на Врапчиште кој е од Алијансата на Села но со денешното присуство на собранието на Таравари јасно е дека преминува во неговото друштво и дека добил ветување да се трка за нов мандат да биде градоначалник на Врапчиште со подршка на Таравари.

Таравари изјави дека, без разлика на политиките, сака да одржува контакти со секој албански и македонски политичар, освен со Димитар Апасиев од „Левица“. (Alsat)

 

Back to top button
Close